Бизнис план во земјоделството – нова, подобра можност за модернизација на производството
Вкупниот буџет на Програмата е 1,3 милијарди денари од кои најголемиот дел или 680 милиони се наменети за поддршка на бизнис план во земјоделството.
Националната програма за рурален развој прераснува во инвестициска и заедно со ИПАРД 3 им се става на располагање на земјоделците преку повеќе нови мерки за набавка на производствена опрема и механизација. Вкупниот буџет на Програмата е 1,3 милијарди денари од кои најголемиот дел или 680 милиони се наменети за поддршка на бизнис план во земјоделството.
Со оваа нова мерка, како што велат од МЗШВ, земјоделците добиваат подобри можности за модернизација на производството.
-Наместо да чекаат поединечни повици, земјоделците сега ќе можат преку еден повик, отворен цела година, да одберат во што ќе инвестираат, да подготват бизнис план и да аплицираат за грант до 10 000 евра. Со средствата им се овозможува да набават нова опрема, да го модернизираат и развијат своето производство, истакнуваат од Министерството за земјоделство.
Мерката е наменета за производителите чија основна дејност е земјоделството.
-Заинтересираните земјоделци во рамки на оваа мерка може да аплицираат за набавка на восокостелен педигриран добиток, за подигнување нови повеќегодишни лозови и овошни насади, за повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора, за набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за сточарство, за набавка на трактори, на специјални комбајни за жнеење ориз со секачи и/или мобилни сушарници за ориз, за набавка на опрема за систем за наводнување „капка по капка“, за конструкција на бунари и други зафати на површинска вода, за опрема за тутунопроизводство, за изградба на мандри, за набавка на силоси, за опрема за навигаицја и „смарт“ земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, како и за инвестирање во обновливи извори на енергија, информираат од МЗШВ