fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Крава се преправа дека спие за да не ја молзат

„Кутро животно, оставете ја да спие“, гласат дел од коментарите .

Кравата Дорис, која живее во една краварска фарма на островот Вајт во Велика Британија, беше прикажана на една информативна телевизиска програма во САД и стана вистински хит на платформата ТикТок, пишува „Би-би-си“.

Имено, на видеоснимката е прикажан фармерот Џон Броди како се обидува да ја натера неимпресионираната Дорис да се разбуди и да излезе надвор од нејзиното живеалиште.

Фармерот вели дека ова видео е само мал доказ дека Дорис е „повеќе личност, отколку крава“. Првично, тој го снимил видеото за да ѝ го покаже на неговата сопруга, Лора и да ја насмее со мрзеливото однесување на нивната Дорис.

„Лора сметаше дека видеото е смешно и го објави на ТикТок. Јас не знаев дека дошло до тоа“, вели Броди.

Дорис ги освои срцата на многумина, кои отворено го искажаа своето сочувство за неподготвеноста на кравата да стане прерано. Се разбира, на шеговит начин.

„Јас сум Дорис“, „Тоа сум јас секое утро“, „Кутро животно, оставете ја да спие“, гласат дел од коментарите на ТикТок.

Во изјава за „Би-би-си“, Броди вели дека е фасциниран од бројните пораки кои ги добива откако Дорис стана интернет сензација. Тој вели дека ја обожава врската која ја изградил со симпатичната крава.

 

Видеото на следниот линк

https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close