fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинија од половина до еден денар за литар, а цената на бензините се зголеми за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинија од половина до еден денар за литар, а цената на бензините се зголеми за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар за литар, па така ќе се продаваат за 72, односно за 71,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98  за половина дена за литар. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 83, а  ЕУРОСУПЕР БС-98  за 85 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,652 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,391 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,499  отсто, кај дизелот има намалување за 1,683 отсто, кај екстра лесното масло намалување за 1,42 отсто, а кај мазутот има зголемување за 2,395 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,128 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close