fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците ПРОТИВ ЗАМРЗНУВАЊЕТО: Ќе пропаднеме!

Владата, ако сака да ја регулира цената на градинарските производи треба да го откупи целокупното производство по производна цена, плус заработка, па потоа да утврдува висина на цена.

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на Владата.

За земјоделците одлуката е погубна за секторот, истакнуваат дека со последното замрзнување тие се обесправени, но и дека ова води кон затворање на оранжерии и замирање на градинарското производство во земјава бидејќи мораат да продаваат под производната цена.

– Репроматеријалите поскапеа за 50 отсто, енергенсите, вклучувајќи ја и струјата поскапеа 4 пати. Влезните трошоци се превисоки, а има силна конкуренцијата од Албанија, Грција и Турција кои имаат поблага клима и не користат енергенси за затоплување. Нивниот производ во старт е поевтин, а дополнително со увозните поволности станува многу поконкурентен од домашното производство. Градинарското производство секоја година опаѓа поради високите трошоци, климатските промени и од недостиг на работна сила, а субвенциите за раноградинарското производство се ниски. Тоа може да се види во практика каде што висината на годишните субвенции за оранжериите се трошат за загревање само за една ноќ на една оранжерија – велат сопственици на оранжерии. Сметаат дека Владата, ако сака да ја регулира цената на градинарските производи треба да го откупи целокупното производство по производна цена, плус заработка, па потоа да утврдува висина на цена.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close