fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Координатори, секретари, директори и куп нови функционери чекаат многу поголеми плати

Повеќе од 100.000 денари ќе добиваат националните координатори одредени од Владата

Координатори, директори, претседатели, секретари. Тоа се новите фунцкии кои ги измислила Владата во последните години, а кои сега ќе добиваат уште поголема плата со одлуката на Уставен суд со која се укинаа законски членови со кои изминатите години се одредувал одреден фиксен износ кој служел како основа за определување на платите на функционерите. Сега, останува во сила член 11 од истиот закон според кој, како основица се зема просечната плата исплатена во минатата година според Државниот завод за статистика, а којашто е значително повисока од фиксниот износ.

Досега платата на функционерите се одредуваше со коефициенти според основицата од 26.700 денари, а сега таа ќе биде според просечната плата од 2022, која изнесува речиси 32.000. Укинувањето на фиксната основица, според која се пресметуваат платите на избраните и именуваните лица и наместо тоа, користењето на просечната плата како репер, ќе им овозможи не само на министрите, пратениците, градоначалниците и судии да земат поголема плата отколку до сега, туку и на голем број новопечени именувани функционери, за чии институции или надлежности не се ни знае многу во јавноста.

По 3,3 просечни нето-плати, или повеќе од 100.000 денари ќе добиваат националните координатори одредени од Владата како тие за унапредување на работата на јавните претпријатија, за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, за одговорно владеење и транспарентност, за здравство, за стратегиски комуникации, за развој на културата и меѓуресорска соработка. Има и некои заменици-национални координатори чиј коефициент е 3.0, што значи дека нивната плата ќе биде збир од три просечни плати.

Нови функции се и директор на Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија со плата од три просечни, колку што му е одредена и на директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните. Само малку помала плата, според коефициентот, има директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Претседателот на Инспекцискиот совет и неговите членови сега ќе имаат плата од безмалку четири просечни, а постои и нова функција – секретар на Канцеларијата на Советот за координација на безбедносно разузнавачката заедница, чиј коефициент на плата е 3.3.  Релативно нови функции се и директор на Агенцијата за национална безбедност со плата од четири просечни, според новата ситуација, како и негов заменик со коефициент 3,5.  Претходно директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата добива заменик со 2,6 коефициент.

И од страна на претходната власт имаше нови креирања на функции како членови на Советот за јавни набавки со коефициент 3,7, истражители на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти 3,0, директор на Управата за електронско здравство 2,9, директор на Aгенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи – 2,9, директор на Геолошкиот завод 3,0 итн.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува значително, последната реакција од Владата по ова прашање е дека конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираа и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања.https://faktor.mk/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close