fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците лути – немаме есап, ќе се откажеме од производство!

Стеванче Јорданоски, од Националната федерација на фармери за весникот ВЕЧЕР, вели дека државата не може одеднаш да ги замрзне земјоделските производи, без претходно да одреди производствена и загарантирана откупна цена под која не смее да се продава одреден производ.

Стеванче Јорданоски, од Националната федерација на фармери за весникот ВЕЧЕР, вели дека државата не може одеднаш да ги замрзне земјоделските производи, без претходно да одреди производствена и загарантирана откупна цена под која не смее да се продава одреден производ. Од друга страна, во услови на намалено домашно производство и зголемени трошоци за производство, ова ќе биде уште еден удар врз земјоделците.

-Прво треба да се направи пресметка за производствената цена на земјоделските производи. Треба да се направи анализа за секој земјоделски производ и да се одреди една цена под која нема да може да се откупуваат земјоделските производи. Од друга страна, треба да се има предвид дека производството на раноградинарските култури е поскапо, бидејќи тие се под пластеници и потребно е затоплување. Цената исто така варира во зависност од тоа кој енергенс се користи за затоплување. Додека, пак, цената на земјоделските производи кои се произведуваат на отворено е пониска поради помалите трошоци за производство и тука треба да се направи разлика, објаснува Јордановски.

Според него, одлуката е избрзана и треба прво да се пресмета производствената цена на секој производ поединечно. Не може на Владата денес да ѝ текне, а утре да замрзне цени. Што се однесува до увозните производи и таму треба да се пресмета цената на чинење и некоја маржа за трговците за да имаат есап да работат, објави-https://www.vecer.press/

Треба да се има предвид дека се работи за лесно расиплива стока и не може секој производ да биде со иста цена. Така на пример оние земјоделски производи што се свежи и што се берени истиот ден обично се поскапи од оние што стоеле на пазар неколку дена. Исто така има класи на производи, производи кои се на акција… Поради тоа треба да се одреди цена на чинење на секој производ под која не може да се продава одреден производ и со која и земјоделците ќе имаат заработка. Вака уште повеќе се демотивираат земјоделците да произведуваат и да го зголемат домашното земјоделско производство, додава Јорданоски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close