fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Полска и Унгарија забранија увоз на жито

Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор.

Едностраните трговски акции на земјите-членки на Европска Унија се неприфатливи, изјави  портпаролот на Европската комисија, откако Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор.

– Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.

Унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ денеска изјави дека Унгарија привремено го суспендира увозот на жито и други прехранбени производи од Украина.

– Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради што, во отсуство на значајни мерки на ЕУ, привремено го забранува увозот на житарки и маслодајни семиња со потекло од Украина, изјави Наѓ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close