fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Земјоделство ќе потроши 200 илјади евра за нафта

Министерството за земјоделство во текот на 2023 година ќе потроши околу 203 илјади евра за нафтени деривати. Алсат побара и испрати конкретни прашања до Министерството за земјоделство за да добие детални информации за:

Министерството за земјоделство во текот на 2023 година ќе потроши околу 203 илјади евра за нафтени деривати. Алсат побара и испрати конкретни прашања до Министерството за земјоделство за да добие детални информации за:

Дали е неопходно да се потроши толку многу на деривати?
Колку возила се очекува да се снабдат со деривати за оваа сума?
Колкав е вкупниот број возила што ги користи Министерството за земјоделство?

Но, од Министерството не добивме никаков одговор веќе две недели, пишува Аласат.

Во потрага по подетални информации наидовме на уште еден тендер на Министерството за земјоделство, кој е вреден 4.484.000 денари или 73.000 евра, за сервисирање и одржување на возила.

Целата оваа сума ќе биде потрошена за одржување на вкупно 67 возила кои се од различни модели. Она што се издвојува во тендерската документација е дека возилата целосно се одржуваат од менување на капаците на резервоарот, па се до рачките од вратите. Бидејќи Министерството за земјоделство молчи и не ги појаснува причините зошто е потребно да се потрошат околу 203 илјади евра за деривати, а не наведуваат колкав е бројот на возила за кои е потребно, ја направивме пресметката за возилата кои се на тендерот за нивно одржување.

Бројот на возила што ќе ги одржува Минситерството е вкупно 67 возила. Ако ова е бројот на возила што ќе се снабдуваат и со деривати во текот на годината, тогаш за еден автомобил Министерството планира да потрши – годишно троши околу 3.029 евра или околу 250 евра месечно за гориво.
Исто толку за деривати и за одржување на возила Министерството за земјоделство потрошило и лани, односно вкучно 276 илјади евра.

203.000 евра нафтени деривати
67 возила
3.029 евра деривати годишно за возило
252 евра деривати дневно./Alsat.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close