fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Индивидуалните земјоделци формираа Национална земјоделска мрежа, претставена пред оризопроизводителите од Кочанско

На промоцијата беше нагласено дека се работи за здружување на земјоделците врз невладина и непартиска основа, во кое нема да членуваат правни лица, асоцијации, федерации или здруженија, туку индивидуални земјоделски производители.

Новоформираната Национална земјоделска мрежа, како организација на индивидуалните земјоделци од целата држава, денеска беше промовирана пред оризопроизводителите во општина Чешиново-Облешево.

На промоцијата беше нагласено дека се работи за здружување на земјоделците врз невладина и непартиска основа, во кое нема да членуваат правни лица, асоцијации, федерации или здруженија, туку индивидуални земјоделски производители. Главни цели во дејствувањето ќе бидат претставување и едукација на земјоделците, како и нивно вклучување во процесот на одлучување и донесување на развојни стратегии за поддршка од страна на државните органи.

– Се работи за организација што е формирана исклучиво од земјоделци, ќе дејствува на национален план и е организирана на секторско ниво, односно секој земјоделски сектор ќе има свој избран претставник. Целта ни е да бидеме препознаени како социоекономски партнер во Министерството за земјоделство и активно да бидеме вклучени во креирањето на политиките во земјоделството. Не сакаме да бидеме само корисници на некои мерки што ги креираат други центри, а што не се соодветни на реалната состојба на терен. Свесни сме дека станавме маргинализирана група во општеството, особено со проблемите со високите производни трошоци, поради што ќе се вклучиме во определувањето на заштитни, економски цени за нашите производи. Сметаме дека имаме многу простор за работа и очекуваме соработка со државните инстуции, истакна Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

При промовирањето на Националата земјоделска мрежа во Облешево беше истакнато дека ниту една земјоделска гранка во државата не е во добра состојба, поради што се јавува недостаток на храна, а цените на земјоделските производи се исклучително високи за стандардот на граѓаните. Во државата има доволно капацитети и можности за производство на храна, но неопходно е заеднички да се креираат соодветни развојни стратегии.

На работната средба, оризопроизводителите истакнаа дека со помош од Националната земјоделска мрежа ќе се залагаат пред почетокот на сеидбата за секоја земјоделска култура да се определи производна цена. Таа треба да биде економски оправдана и да им обезбедува услови за реализација на производството и егзистенција на нивните семејства.

МИА

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close