fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Замрзнувањето без ефект, за еден месец трошоците за храна намалени за помалку од 100 денари!

Со една минимална и една просечна плата во четиричлено семејно домаќинство, не се преживува.

Замрзнувањето на цените нема никаков ефект врз животниот стандард, а мерките на Владата се популистички и немаат врска со реалноста. За еден месец, вкупните трошоци за храна и за пијалаци се намалени за помалку од 100 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија. Експертите коментираат дека замрзнувањето на цените на овошјето и на зеленчукот е целосно промашување. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека мерките на Владата не им го олесниле животот на граѓаните, а замрзнатите цени не ја намалиле сиромаштијата.

– Нашите пресметки покажуваат дека со една минимална и една просечна плата во четиричлено семејно домаќинство, не се преживува. Дополнително, удар врз џебот на граѓаните се инфлацијата и енормното зголемување на цените на мало, каде што сè повеќе се стравува дека состојбата може да биде и полоша. Последните владини мерки со замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти не вроди со плод, бидејќи за еден месец, вкупните трошоци за храна и за пијалаци не беа намалени за повеќе од 100 денари. Државата мора повеќе да ги намали трошоците доколку сака да се зголеми животниот стандард на граѓаните со истите плати што ги земаат во моментов, но при тоа да ги врати цените, а не да ги замрзне на скоро највисоката вредност што ја достигнаа – изјави за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Мерката за замрзнување на цените на зеленчукот и на овошјето се покажа како целосно неуспешна, оценува Павле Гацов, даночен експерт, економист и поранешен владин советник во објава на својата страница на Фејсбук.

Тој предлага неколку мерки што Владата треба да ги спроведе за, како што вели, државата да си го спаси образот и да ги избегне празните рафтови и цените, кои никој не ги почитува.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close