fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Бектеши: Ако има потреба од пченица ќе увезуваме и од Украина

За нас приоритет е домашното производство, но имајќи предвид дека не покриваме се од домашното производство, последните неколку години, ние ќе направиме големи напори, повикувајќи се на Договорот за слободна трговија во делот на земјоделието, кој неодамна беше потпишан со Украина и секако дека ќе одиме во насока на одлуките кои ќе ги носи ЕУ, потенцираше Бектеши.

Во моментов нема одлука од надлежните институции за воведување забрана за увоз на житото од Украина, рече министерот за економија Крешник Бектеши потенцирајќи дека за земјава приоритет е домашното производство.

– Во моментов нема одлука од надлежните институции, во овој случај од Министерството за економија и Министерството за земјоделие. За нас приоритет е домашното производство, но имајќи предвид дека не покриваме се од домашното производство, последните неколку години, ние ќе направиме големи напори, повикувајќи се на Договорот за слободна трговија во делот на земјоделието, кој неодамна беше потпишан со Украина и секако дека ќе одиме во насока на одлуките кои ќе ги носи ЕУ, потенцираше Бектеши.

Сепак, како што напомена министерот, во делот на пченицата и другите жита, доколку се јави потреба земјава ќе увезува и од Украина.

– Но, за да се покрие потребата на потрошувачката во земјава со најдобри цени, иако ние во главно во делот на земјоделските производи увезуваме од Турција, Грција, Србија и Албанија, но во делот на пченицата и другите жита, ако има потреба ќе увезуваме и од Украина, ако имаме добра цена за нашите трговци, кои нема да направат штета на домашното производство, додаде Бектеши.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close