fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Иницијатива регистрираните земјоделки да добијат платено породилно отсуство

За земјоделките се предлага 9 или 15 месеци породилно отсуство и надомест во висина на минималната плата.

Граѓанскиот сектор покрена иницијатива за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се елиминира нееднаквиот третман што во општеството го имаат регистрираните земјоделци кои уплаќаат за пензиско и здравствено осигурување, а ги немаат правата кои произлегуваат од работен однос. За земјоделките се предлага 9 или 15 месеци породилно отсуство и надомест во висина на минималната плата. Регистрираните земјоделци не се на товар на буџетот, а произведуваат храна за сите во општеството, а немаат платено боледување и платено породилно отсуство, ниту имаат право на годишен одмор. Ова се само некои од укажувањата на Локалната акциска група (ЛАГ) Агро Лидер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои јавно го отворија прашањето – „колку се земјоделците изгубени во лавиринтите на законските регулативи?“.

Извор https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close