Мојсовска: Навременото наводнување на земјоделските површини е најбитно во справувањето со климатските промени
Националната федерација на фармери апелира до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за изградба на нови системи, но и реконструкција и одржување на старите и дотраени водоводни мрежи кои што имаат премногу дефекти, со цел да не ги имаме проблемите како од минатите години со ненавремено поливање на земјоделските површини, со оглед на најавите дека не очекува долго сушно лето, изјави денеска претседателка на федерацијата, Васка Мојсовска.

„Затоа ние како организација долги години апелираме и лобираме директно кај Министерството за земјоделство за изградба на нови системи, но и реконструкција и одржување на старите и дотраени водоводни мрежи коишто имаат премногу дефекти и во коишто треба сега да бидат веќе готови и реновирани се со цел да не ги имаме проблемите како од минатите години коишто ги имавме да немаме навремено поливање на земјоделските површини во текот на производството кога им е најпотребно вода. Секако дека тоа ќе продолжиме да го бараме од министерството“, рече Мојсовска на новинарско прашање пред почетокот на редовната седница на Годишно собрание на Национална федерација на фармери.
Мојсовска потенцира дека водата ни е многу битно, посочувајќи дека климатските промени прават огромни штети при производството на храната, а една од најбитните работи во справувањето со климатските промени е навременото наводнување и полевање на земјоделските површини.