Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Почна со работа винотеката во Кавадарци
Целта е промоција на висококвалитетно македонско и тиквешко вино
Почна со работа винотеката во Кавадарци, како посебна подружница на Винскиот музеј за регионот Тиквеш, сместена во централното градско подрачје, близу општинската зграда. Во винотеката се застапени производи од грозје од 15 винарии…вина, ракии, вињак, но и маџун и гроздов сок.
– Целта е промоција на висококвалитетно македонско и тиквешко вино, но и другите производи од грозје, што се вистински традиционален и културен белег на регионот. Винотеката е обезбедена и со фискална каса, така што сите посетители од земјава и странство, можат да си купат од производите од грозје од ова поднебје – појасни директорката на Музејот, Весела Честоева.