fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски: „Кораб Трница“ и дел од конаците на Бигорски манастир се направени со пари од ИПАРД

Поддршката не е фокусирана само на земјоделство, има и други сегменти наменети за младите во руралните средини.

Младите се се повеќе заинтересирани за европските пари и се повеќе апликанти за ИПАРД се од страна на млади земјоделци, вели Никица Бачовски во интервју за емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ. Доказ за тоа е и максималното искористување на европските пари од ИПАРД 2 каде се искористени цели 97 милиони евра, објави https://www.slobodenpecat.mk/

– Напуштањето на младите на сектор земјоделство е глобална појава со која може да се борите само ако имате цврста финансиска поддршка која ќе ја препознаат младите. Еден од инструментите е ИПАРД програмата. Бројките во 2016 беа никакви. Но сега има целосно искористување на проектот. Има услови и критериуми кои можат да се искористат. Почнува информативна кампања од денес во 44 места и сите кои сакаат може да искористат пари од ИПАРД 3- вели Бачовски.

Директорот на Платежната агенција вели дека поддршката не е фокусирана само на земјоделство. Има и други сегменти наменети за младите во руралните средини.

– Се поедностави и апликацијата која треба да се поднесе од земјоделците. Во 2010 до 2016 беше пробен период. Земјоделците знаат да произведуваат храна, но не знаат да работат со документи. Немавме доволно вработени. Сега се поедностави многу работата и исплатата се прави во рок од шесет месеци од денот на поднесување на барање за исплата. Се исплаќа најмногу за 6 месеци- вели Бачовски.

Од ИПАРД се финансираат системи за наводнување, градби, механизација.

На прашањето која е најголема инвестиција во пари, Бачовски рече дека дека најголеми инвестиции има во преработувачки капацитети, а како бројка најмногу апликации има за земјоделска механизација.

-Многу нови преработувачки капацитети, но и многу додадени. Сега скоро се се преработува нема вишоци. Млекарници ,ладилници, винарници, кланица, фарма за тов за говеда, фабрика за преработка за овошје и зелнчук се само дел од капацитетите. Многу хотели, конаци, мотели за рурален туризам се направени со ИПАРД. Кај Бигорскиот манастир има нови конаци направени со нивни пари. „Кораб Трница“ како комплекс, хотел „Фреја“ во Струга се само дл од инвестициите. Тоа не се големи комплекси, според критериумите не смее да има повеќе од 20 соби, не повеќе од 50 легла. Битно е да се во рурална средина- вели Бачовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close