МЗШВ објави ОГЛАС за ЗЕМЈА НАД 3 хектари во Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба
Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп е со намена за: -подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години, -подигање на долгогдишни насади со лешник за период до 70 години, -одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години, -за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Јавен оглас бр.01/23за давање во закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање објавен во (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/23 од 04.05.2023 година).
Предмет на Јавниот оглас е земјодеско земјиште во државна сопственост, со вкупна површина од 1.241 ха, 07ари, 51м2, распределено во различни региони како што се :Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп е со намена за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години,
-подигање на долгогдишни насади со лешник за период до 70 години,
-одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
-за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.
Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето.