fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Близу 1.000 евра по хектар за производителите на зимска зелка на отворено

За расадени површини со зимска зелка на отворено или за расадена зимска зелка на отворено и продадена до 15 април 2023 година со најмалку 5.000 килограми по хектар.

61.000 денари по хектар за производителите на зимска зелка на отворено
Ова е првата мерка која ја донесовме во Интервентната програма за 2023 година со цел оддржување на земјоделството и намалување на загубите кај трошоци за расадени површини со зимска зелка на отворено или за расадена зимска зелка на отворено и продадена до 15 април 2023 година со најмалку 5.000 килограми по хектар.
Секој носител на земјоделско стопанство, до 31 мај, треба да достави барање за потврдување на податоци за површина на расадена зимска зелка или откупни белешки за предадена зелка кај регистриран откупувач согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Потоа, заклучно со 20 јуни ќе можат да аплицираат за оваа мерка во подрачните единици на министерството, објави министрот Љупчо Николовски .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close