fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Слаткото од диви смокви од овој регион е највкусно, порачаа на Фестивалот на диви смокви во Богданци

Станува збор за манифестација која контуинирано се одржува овој дел на државата по систем на ротација во Богданци, Дојран и Валандово, а има за цел промоција на  локалните традиционални еко производи.

Во Богданци се одржа Фестивал на дивите смокви во организација на здружението Еко Росалес како членка Slow Food – Македонија, каде се презентираше процесот на подготовка на слатко од диви смокви. Станува збор за манифестација која контуинирано се одржува овој дел на државата по систем на ротација во Богданци, Дојран и Валандово, а има за цел промоција на  локалните традиционални еко производи.

И покрај лошите временски услови, Фестивалот помина во најдобар ред. Имаше гости од сите страни на Македонија кои уживаа во програмата, понудените производи на штандовите на членките на Slow Food – Македонија а го дегустираа и нашето слатко од диви смокви од кое беа воодушевени. Во посета ни беше и министерката за животна средина Каја Шукова а на манифестацијата беше присутен и претседателот на Slow Food – Македонија Николче Николовски. Беше присутен и градоначалникот Блаже Шапов но и пратеничката Драгица Ѓавочанова од која добивме и поддршка,, ни изјави Александра Картелова од Еко Росалес од Богданци.

Извор https://drnka.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close