Најголеми компании на југоистокот! Кои се главни во Струмица?
Струмица е најголемата економија во југоисточна Македонија. Нејзината сила произлегува од уникатна комбинација на многубројните самовработени семејства ангажирани во земјоделието
Струмица е единствена голема македонска општина која не зависи од гринфилд инвестициите. Лидери на струмичката економија и лани беа без исклучок домашно поседувани локални фирми, а меѓу најголемите се трговци на големо со текстил, нафтени деривати и градежни фирми
Струмица е најголемата економија во југоисточна Македонија. Нејзината сила произлегува од уникатна комбинација на многубројните самовработени семејства ангажирани во земјоделието и изразеното вродено претприемништво на населението од целата струмичка котлина. Заедница на отворени луѓе, гостопримливи и весели луѓе кои знаат да работат, заработуваат и се платежно способни.
Од историските Астарион преку Тивериопол до денешна Струмица овој регион е огромно богатство на културно историски споменици, важен трговски крстопат и повеќе од дваесет века урбан центар. Многу е веројатно дека токму историските белези и промени влијаеле врз локалната култура на тие луѓе кои секогаш се отворени, претприемчиви, гостољубиви и разговорливи.
Отворена економија доминанто пазарно ориентирана која непосредно граничи со соседна држава, а има силни и интензивни бизнис релации и со јужниот сосед. Минатата турбулента економска година која помина во сенката на големите предизвици предизвикани од растечките цени на енергенсите и галопрачката инфлација, Струмица ја издржа на нозе.
Анализата на „Фактор.мк“ покажува дека 11 компании кои лани успеале да остварат приходи поголеми од 15 милиони евра што е солиден резултат за општина која има околу 50.000 жители. Струмица е уникатна и по тоа што нејзината економија воопшто не зависи од странските гринфилд инвестиции затоа што според приходи и според добивка водат домашно поседувани локални фирми.
*табеларните прикази се правени со комбинација на параметрите приход од најмалку 5 милиони евра и добивка од најмалку 300.000 евра
**Од тие причини во табеларните прикази не се вклучени големиот производител на масло за јадење „Ал-макс“ која има приход од 24 милиони евра и „Џокс премиум“ фирма специјализирана за трговија (увоз) на големо со текстил со приход од речиси 17 милиони евра. Извор https://faktor.mk