fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Српските земјоделците бараат субвенции од 300 евра по хектар, цена на млекото од 75 динари

Во Србија продолжуваат протести на земјоделците

Земјоделците во Србија денеска трет ден по ред со трактори блокираат патишта и улици во повеќе градови во Војводина и централниот дел од државата.

Претходните два дена земјоделците ги блокираа патиштата во неколку градови во Војводина и централна Србија.

Сточарите од Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Пожаревац, Суботица, Рача и други делови од државата блокираа сообраќајни патишта, повремено пропуштајќи ги возила.

Целта на блокадите остана непроменета, а земјоделците бараат исполнување на сите осум барања кои претходно ги доставија до Владата на Србија и до Министерството за земјоделство.

Земјоделците бараат субвенции по хектар од 300 евра, загарантирана цена на млекото од 75 динари без данок на додадена вредност (ДДВ), дизел по цена без акциза и ДДВ, субвенциите за една крава да се зголемат од 30.000 на 40.000 динари. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во понеделникот ги одби сите барања на земјоделците.

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close