fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСоветиТоп вести

Совет од земјоделец – Домашно направено најефикасно средство за расад за зеленчук и цвеќе

Ова органско прихранување на потполно природен и органски начин, најдобро делува на доматите, краставиците, пиперките, модриот патлиџан, мешунките, тиквичките и останатиот зеленчук, но исто така и на цвеќињата.

За производство на расад не е потребно некое претходно огромно искуство или пак, некое големо материјално вложување. За да добиете квалитетн расад, односно здрави билки со добро развиен коренов систем, отпорни на болести, штетници, студ или суша, прихранувајте ги вашите билки.

Ова органско прихранување на потполно природен и органски начин, најдобро делува на доматите, краставиците, пиперките, модриот патлиџан, мешунките, тиквичките и останатиот зеленчук, но исто така и на цвеќињата.

Се приготвува од две состојки растворени во вода. Куркумата е природен антиоксидант и во комбинација со сода бикарбоната го зголемува ефектот на оваа домашно приготвена природна, органска прихрана.

И двете потребни состојки се евтини и лесно достапни за сите, а стопати се поефикасни од разни други синтетички средства за прихрана. Природни се, а сепак спречуваат развој на патогени микроорганизми и паразити кои често ги напаѓаат билките.

Покрај другото, го зајакнуваат коренскиот систем, а тоа е најважно кога станува збор за јакнење на имунитетот и цбврстина на нивното стебленце. Со овој домашен прихранувач билките за полеваат на секои 15 дена. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ: Во една стаклена тегла ставете една мала лажичка куркума во прав, една мала лажичка сода бикарбона и половина литар топла вода. Добро промешајте и оставете ја оваа мешавина да отстои најмалку два часа.

Потоа растворете ја во 3 литри вода која претходно отстојала на собна температура, или пак изворска вода. Со оваа течност полевајте ги билките на секои две недели, односно двапати месечно (на 15 дена). Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Кога за првпат ќе ги расадувате билките, постои едно друго домашно средство со кое треба да се залеат.

Извор на веста

https://nmd.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close