fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Холандските фармери ќе добијат 1,5 милијарди евра за да стават клуч на врата

Европската комисија одобри финансиски средства од 1,47 милијарди евра за планираното намалување на добитокот во Холандија.

Европската комисија одобри финансиски средства од 1,47 милијарди евра за планираното намалување на добитокот во Холандија. Парите ќе бидат наменети за купување на 3.000 сточарски фарми во подрачјата „Натура 2000“ и нивно трајно затворање. Холандија е земја која постигнува висока продуктивност во земјоделството, особено сточарството, со релативно малку обработливо земјиште. Целта на владата во Хаг е да ги намали емисиите на азот од земјоделството во особено загадените области, пишува порталот „Агрархјојте“, а пренесува „Агроклуб“. Според извештаите, околу 500 милиони евра компензација се доделуваат во форма на директни грантови. Целта е да се надомести до 100 проценти од загубата на фармерите кои трајно и неотповикливо ги затвораат своите краварски, свињарски или живинарски фарми. Производителите се обврзуваат да не започнуваат исто производство на животни во Холандија или која било друга земја членка на ЕУ. Втората, поголема сума од 975 милиони евра е наменета за сточарски фарми со најголеми емисии на азот. Покрај одгледувачите на крави, свињи и живина, може да го користат и одгледувачите на телиња. Како што објавија медиумите, на земјоделците под одредени услови им се обештетуваат до 120 отсто од загубите. Обврската да се откаже од сточарството важи и за идниот купувач или корисник на предметното земјиште. Холандија е пример за земја која постигнува висока продуктивност во сточарството и во земјоделството воопшто. Ваквата одлука може да го наруши европскиот пазар на млеко и месо во ЕУ во наредниот период. Освен еколошкиот аспект, друга цел на оваа одлука би можела да биде намалување на производството. Од 2015 година кога се укинаа квотите за млекопроизводителите, дојде до хиперпродукција поради што паднаа цените на млекото, а неодамна поради санкциите кон Русија производителите тешко продаваат суровини, објави Политика рс.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close