fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Наместо лекови, инхалација со аеросоли од пчелите

Алтернативна медицина во тетовска Волковија

Пчеларството и произведувањето мед е хоби веќе десетина години на 32 – годишниот Сашо Илијевски од тетовска Волковија, кој следејќи ги светските трендови од неодамна започна и нов правец на дејствување во оваа област. Тоа е терапија со воздух од пчелите со кој во специјална апи-комора може да се третираат луѓето со болести на дишните патишта. Методот е едноставен и познат, се прави инхалација, но наместо лекови се користат аеросолите кои ги создаваат пчелите.

Апи комората на Илијевски претставува мала колиба каде се спроведува оваа алтернативна медицинска постапка која подразбира употреба на медот и другите пчелни производи за превенција но и третман на белодробните болести. Има систем во кој пчелите од пчелните семејства се префрлаат во кошница ставена во апи-комората и ослободуваат аеросоли.

-Во апи комората се прави инхалација така што терапијата подразбира дека човекот треба да вдишува аеросоли, кои претставуваат дел од корисните елементи што ги создаваат пчелите како што се медот, восокот, матичниот млеч, поленот, прополисот, нектарот, етеричните масла, флавоноидите, и други лековити материи. Ние пред апи-комората имаме направено отвор каде што влегуваат пчелите од кошниците. Во кошницата што се наоѓа во апи-комората со нивното движење се испуштаат аеросоли. Луѓето тоа го вдишуваат преку инхалаторна маска која се поставува на лицето, објаснува Илијевски.

Според неговото искуство, вдишувањето на аеросолите и аромите од пчелите, на луѓето може да им помогне да си ја подобрат состојбата на органите за дишење, а помага и за подобра психофизичка состојба.

-Се смета дека овој вид алтернативна терапија може да им помогне на луѓето кои се соочуваат со хронични болести и инфекции на белите дробови и дишните патишта, бронхитис, астма, алергии, проблем со синуси, но и на тие кои имаат проблеми со имунитет, мигрена, хронична главоболка, кардиоваскуларни заболувања, стрес, депресија и друго, вели Илијевски.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close