fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Стојкоски апелира до откупувачите да ги покачат откупните цени на тутунот за новата реколта

Стојкоски смета дека според производствените трошоци прва класа тутун треба да биде од сегашните 300 денари за кг. на 450 денари за кг., втора класа од 240 да се покачи цената на 380 денари за килограм, а трета класа од 160 денари на 240 денари за кг. тутун.

Од Асоцијацијата на земјоделци апелираат до откупувачите уште на почетокот на новата реколта да излезат со нови покачени цени на тутунот по класи, да ги стимулираат земјоделците да засадат  тутун. Од таму претседателот Петре Стојкоски смета дека според производствените трошоци прва класа тутун треба да биде од сегашните 300 денари за кг. на 450 денари за кг., втора класа од 240 да се покачи цената на 380 денари за килограм, а трета класа од 160 денари на 240 денари за кг. тутун.

„Како Асоцијација бараме од откупните компании наместо да постапуваат нереално и како при последната реколта сиот тутун да го откупуваат во прва класа и  да го плаќаат по 300 денар за кг. сега тутунот да го плаќаат и да го вреднуваат по класи, кој како заслужува според реална оценка. Значи тутунарите сакаат меѓу нив да има натпревар кој ќе произведе поубав тутун, а не изедначување. Што е најважно цената по класи да се покачи според производствените трошоци и тоа да биде поттик за земјоделците да посадат тутун на поголеми површини“, вели Стојкоски во изјава за „Зелена брза “.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close