Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник
-Ќе разговараме, разменуваме мислења и идеи. Само заедно и сплотени ќе ги постигнеме нашите цели и интереси за прогрес и развој на нашите земји, најави Николовски на својот фејсбук профил.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествува на регионалната конференција „Grow up“ што вчера и денеска се одржува во Копаоник, Република Србија.
Конференцијата е во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а Николовски и министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ ќе имаат обраќања на тема „Регионална поврзаност како можност за развој”. -Ќе разговараме, разменуваме мислења и идеи. Само заедно и сплотени ќе ги постигнеме нашите цели и интереси за прогрес и развој на нашите земји, најави Николовски на својот фејсбук профил.