fbpx
Млад земјоделецОгласникТоп вести

Пчеларите од кумановско загрижени за сезоната поради секојдневните врнежи

Секојдневните дождови им ја ускратија пчелната паша, пчелите беа затворени и предизвика роев нагон.

Пчеларите од кумановскиот регион се загрижени за влијанието на временските услови за годинашните приноси, информираа денеска од здружението „Пчела“.

Изминатиов месец речиси секојдневно имаше врнежи кои делумно ја стопираше пчелната паша. Доцнеше и цветањето на багремите. За нив е добро што температурите се движеа од 20 до 23 степени и што зимата беше релативно блага.

– Временските услови во мај не беа соодветни за пчеларството. Секојдневните дождови им ја ускратија пчелната паша, пчелите беа затворени и предизвика роев нагон. Сепак, очекуваме подобро услови во јуни, изјави претседателот на здружението „Пчела“, Бобан Стошевски.

Во Куманово расте интересот за пчеларство и од здружението велат дека се особено горди на сѐ поголемиот број жени пчеларки и млади.

МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close