Нема да постојат маркички на брашното-дополнително се либерализира увозот на брашно
Собранието ја заврши расправата за измените на Законот за квалитетот на земјоделските производи, гласањето дополнително
Собранието денеска во рамките на 66-тата седница ја заврши општата расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка. Гласањето ќе биде дополнително.
Претходно Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор рече дека со измените на законот во историја ќе одат маркичките на брашното.
-Со законските измени нема да постојат маркички на брашното со што дополнително се либерализира увозот на брашното. Ова одлука доаѓа како обврска од ЦЕФТА договорот и во прв момент изгледа како либерализација, но политиката на земјоделството и на храна е тесно врзана со интересите и опстојувањето на една држава. Затоа треба да бидеме внимателни кога се случуваат вакви промени на пазарот, рече Трајанов.
Посочи дека во текот на ковид кризата и енергетската криза се покажа дека секоја држава прво си ги заштити домашните пазари што не беше случај кај нас. Рече дека треба да се одржува во кондиција производството на храна во државата.
-Новата политика на субвенционирање е катастрофална за земјоделството и за житните култури и со неа ќе го уништиме производството на жито. Во прво време ќе го преплавиме домашниот пазар со брашно кое го има и е поевтино, но во првата наредна криза ќе се покаже дека е уништено домашното производство, рече Трајанов.
Во реплика Ненад Коциќ од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ постојано шири дезинформации и лаги за секоја политика на Владата, па така и во земјоделството и додаде дека измените што се носат се во интерес на земјоделците