fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата се намалува, но и натаму е двоцифрена – во мај беше 11,3 отсто на годишно ниво

И покрај замрзнатите цени на повеќе производи, инфлацијата и во мај на месечно ниво не мируваше, па така трошоците на живот во овој месец беа поголеми за 0,4 отсто во однос на април годинава, додека цените на мало се намалени за 0,9 отсто.

Годишната стапка на инфлација во мај, мерена преку порастот  на трошоците на живот изнесуваше 11,3 отсто, покажуваат податоците што ги објави денес Државниот завод за статистика. Како што посочија статистичарите, за толку се зголемени трошоците за живот во мај годинава во однос на истиот месец лани. Во исто време цените на мало бележат зголемување од 7,5 отсто. И покрај замрзнатите цени на повеќе производи, инфлацијата и во мај на месечно ниво не мируваше, па така трошоците на живот во овој месец беа поголеми за 0,4 отсто во однос на април годинава, додека цените на мало се намалени за 0,9 отсто.

Статистичките податоци за инфлацијата имаат надолен тренд, иако таа и во мај остана двоцифрена. Во април годишната инфлација мерена преку порастот на трошоците на живот беше 13 отсто, а во март беше 14,7 отсто.

И покрај ваквиот надолен тренд, инфлацијата кај нас, сепак и натаму е на многу повисоко ниво во однос на земјите од Европската унија.

Така, според податоците на Евростат, објавени на 1 овој месец, годишната инфлација во еврозоната во мај изнесуваше 6,1 отсто, откако во април цените на производите за широка потрошувачка пораснаа за седум отсто на годишна основа. Од земјите што го користат еврото и за кои Евростат имаше податоци, најниска годишна инфлација во мај забележаа Луксембург (2,0 отсто), Белгија (2,7 отсто) и Шпанија (2,9 отсто). Највисока имале Летонија и Словачка (12,3 отсто) и Естонија (11,2 отсто).

Без цените на енергијата и храната, инфлацијата во еврозоната во мај беше донекаде умерена и изнесуваше 5,3 отсто. Пред тоа во април достигна 5,6 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close