Бачовски: Нелегалниот статус на имотот спречува многу земјоделци од учество во ИПАРД програмите
Бараат од комерцијалните банки да бидат малку пофлексибилни со земјоделците кои бараат кредитирање за инвестиции
Осврнувајќи се на потенцијалното искористување на новата ИПАРД 3 програма, Бачовски посочи дека голем проблем за барателите е нелегалнито статус на нивниот имот, објави Телма.
ЗА ЖАЛ ТОЧНА Е КОНСТАТАЦИЈАТА И БРОЈКИТЕ ГО ПОКАЖУВААТ ТОА, ДЕКА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ФАРМИ, ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ, РЕКОНСТРУКЦИИ, ИЗГРАДБА НА НОВИ ИЛИ ОПРЕМУВАЊЕ НА САМИТЕ ФАРМИ Е НАЈМАЛКУ ЗАСТАПЕНО. ТОА Е ПРИФАТЛИВ СЕКТОР ВО МЕРКАТА 1 КОЈА ШТО ЈА СПОМНАВ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА, НАЈМНОГУ ЗАРАДИ НЕЛЕГАЛНИОТ СТАТУС НА ИМОТОТ НА САМИТЕ БАРАТЕЛИ. ЗА ТОА СЕ ОТВОРИЈА МНОГУ ДЕБАТИ, ЈАС ВЧЕРА НОМИНИРАВ ДВАЈЦА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АГЕНЦИЈАТА, ИМА ОГРОМЕН ПРИТИСОК ОД МИНИСТЕРСТВОТО ОВА МНОГУ ПОБРЗО ДА СЕ ЗАВРШИ. ВКЛУЧЕНИ СЕ МНОГУ РЕЛЕВАНТНИ ФАКТОРИ КОИ ШТО ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ПРИДОНЕС ЗА ДА СЕ ИЗНАЈДЕ РЕШЕНИЕ. ДАЛИ ЌЕ СЕ СТИГНЕ ПРЕД ПРВИОТ ЈАВЕН ПОВИК, ЈАС НЕ ЗНАМ, НО МОРАМЕ ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА ЈАВНИ ПОВИЦИ ОД ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА ЌЕ ИМА ВО СЛЕДНИТЕ 5 – 6 ГОДИНИ. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПАРАЛЕЛНО ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕТО НА ИПАРД 3 ПРОГРАМАТА ЌЕ ИМАМЕ ПАРАЛЕЛНО И ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ КОЕ ШТО ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА ОВОЈ ДЕЛ ОД ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ АПЛИКАНТИ, КОИШТО ПАЃААТ НА ОНИЕ АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛОВИ ДА МОЖАТ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ, РЕЧЕ БАЧОВСКИ.
Сепак директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството гледа позитивни знаци во соработката на земјоделците потенцијални корисници на ИПАРД програмата и приватните комерцијални банки.
САМО 3 ПРОЦЕНТИ ОД КРЕДИТИРАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ Е ВО ДЕЛОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, ЗБОРУВАМ ЗА ПРИВАТНИТЕ БАНКИ. ИАКО ИМА СВОЕВИДНО РАЗМРДУВАЊЕ И ТАМУ, ЗАТОА ШТО ТИЕ И ТОА КАКО ЈА СЛЕДАТ НАШАТА РАБОТА, ЧЕСТО БАРААТ ИНФОРМАЦИИ КОГА ЌЕ БИДЕ, КАКО ЌЕ БИДЕ, ПОД КОИ УСЛОВИ, КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК ИТН. ОНА ШТО Е НАЈВАЖНО ДЕКА ОД БРОЈОТ НА СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ КОИ ШТО НА КРАЈОТ ДОШЛЕ СО БАРАЊЕ ЗА ИСПЛАТА КАЈ НАС ЗА ДА ГИ ВРАТИМЕ ТИЕ 50 ДО 65 ПОСТО ОД ИНВЕСТИЦИЈАТА, 95 ПРОЦЕНТИ ОД ТИЕ ПРОЕКТИ СЕ ИСПЛАТЕНИ. ШТО Е СИГУРНОСТ ЗА БАНКАТА ДЕКА ТОЈ БАРАТЕЛ КОЈ ШТО ИМА ДОГОВОР СО ИПАРД, КОЈ ШТО БАРА ФИНАНСИРАЊЕ ОД БАНКАТА, ЌЕ ГИ ДОБИЕ НАЗАД ТИЕ 50 ДО 65 ПОСТО ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА, СО ШТО НАЕДНАШ ЌЕ ЗАТВОРИ ГОЛЕМ ДЕЛ ОД КРЕДИТОТ, ШТО Е ВАЖНО КАКО ЗА КРЕДИТОБАРАТЕЛОТ ТАКА И ЗА БАНКАТА. МИСЛАМ ДЕКА СЕГА ОВАА ВЕСТ КОЈА ШТО ДОЈДЕ ДЕКА СЕГА ВЕЌЕ СЕ ПЛАСИРААТ МНОГУ ПОВЕЌЕ ПАРИ, ОДНОСНО 120 МИЛИОНИ ЕВРА КОИ ШТО ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ, МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ДОЈДЕ ДО СВОЕВИДНО РАЗМРДУВАЊЕ ВО ТОЈ ДЕЛ, РЕЧЕ БАЧОВСКИ.
Додава дека бараат од комерцијалните банки да бидат малку пофлексибилни со земјоделците кои бараат кредитирање за инвестиции во своите фарми или преработувачки капацитети.
ГЛЕДАМ ДЕКА ИМА ИНТЕРЕС, ОСОБЕНО ВО ДЕЛОТ НА ОНАА НОВИНА КОЈА ШТО ЌЕ ЈА ИМАМЕ ЗА ПРЕТФИНАНСИРАЊЕ, ОДНОСНО АВАНСНА ИСПЛАТА. ТОА Е НОВО ЗА НАС, НОВО ЌЕ БИДЕ И ЗА БАНКИТЕ. ПРЕТПОСТАВУВААТ ДЕКА ЌЕ ИМААТ БАРАТЕЛИ КОИ ШТО ЌЕ СЕ ОБРАТАТ ДО НИВ, БИДЕЈЌИ ТАА АВАНСНА ИСПЛАТА КОЈА ШТО НИЕ ЈА ОБЕЗБЕДУВАМЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОТКРЕПЕНА ОД САМИОТ БАРАТЕЛ СО БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА. ТАКА ДА СЕ ГЛЕДА ДЕЛА НОВИТЕ ТЕКОВИ КОИ ШТО ГИ НОСИ ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ СЛЕДАТ ОД НИВНА СТРАНА, И АПСОЛУТНО Е КОНСТАТИРАНО ОД СИТЕ СТРАНИ ДЕКА РАЗЛИЧНО СЕ ГЛЕДА НА БАРАТЕЛ КОЈ ШТО ОДИ ВО БАНКА И БАРА КРЕДИТИРАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИЈА ПОВРЗАНА СО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО БЕЗ ОДОБРЕН ДОГОВОР ОД ИПАРД, ИЛИ ПЛАНИРА ЦЕЛОСНО ДА ЈА ПОКРИЕ СВОЈАТА ИНВЕСТИЦИЈА, И СО ПОТПИШАН ДОГОВОР НА ИПАРД. АПСОЛУТНО СЕ ПОФЛЕКСИБИЛНИ КОГА ЌЕ ВИДАТ ДЕКА ДРЖАВАТА СТОИ КАКО ГАРАНТ ДЕКА 50 ДО 65 ПОСТО ОД СРЕДСТВАТА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ ВО РАЗУМЕН РОК, СМЕТА БАЧОВСКИ.