Без 50 илјади денари не можете да го поминете месецот
ССМ: Минималните трошоци во мај изнесуваат 49 025 денари
Најмногу пари во мај, 19 532 денари, биле потребни за храна и пијалоци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 13 392 денари.
Минатиот месец на едно четиричлено семејство му биле потребни 49 025 денари за да ги покрие минималните трошоци. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека најмногу пари во мај, 19 532 денари, биле потребни за храна и пијалоци, а за да се покријат трошоците за домување биле потребни 13 392 денари.
Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната кошничка, потребни се 3 720 денари за превоз, 3 196 денари за хигиена, а за одржување на здравјето се трошеле 821 денар.
„Вкупната синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 44 047 денари, а кога на нив ќе се додадат 4 977 денари отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49 024 денари“,
велат од ССМ.
Од ССМ нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34 925 денари.
Синдикалната потрошувачка кошничка во април, според пресметиките на ССМ, беше 49 384 денари. Најмногу трошоци граѓаните и во април имале за храна и пијалоци, како и за покривање на трошоците за домување.