fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Поуп: Причина за иселувањето од Балканот не се само парите, туку и политиките

Во Европа се случува стареење на населението и наскоро 31 процент ќе биде постаро од 60 години.

Причина за процентот на популацијата од Балканот што живее во Европа и се сели не се само парите, туку и политиките. Тоа е заради сите вештини и идеи кои произлегуваат кај нив, визијата што ја имаат пред себе, коишто ги мотивираат да одат понатаму и да се движат, оцени денеска Ејми Поуп, генерална директорка на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), при учеството на Преспа форумот за дијалог.

– Она што го гледам на Балканот сега е дека луѓето не само што имаат знаења, вештина и мотивација да го направат тоа, туку дека ќе има многу голема празнина што ќе се случи во идниот период. Тоа е дел не само од Балканот, туку е дел од Европа. Би се обратила до лидерите кои би обезбедиле некаков одговор на ваквите прашања за да можат земјите да се справат со ваквите предизвици. Потребен ни е начин, корекција, алатки, нешто со што ќе можеме да пристапиме кон ваквата средина и ќе почнеме да даваме одговор на ваквите предизвици. Сето тоа не е само за да воведуваме иновации, туку и да реагираме. На овој начин имаме многу сеопфатен пристап и во однос на партнерите и сето тоа зависи од податоците што ќе ги работиме. Тоа треба да бидат политики базирани и водени од податоци. Тогаш сите заедно колективно треба да создадеме одредени стратегии и политики што ќе бидат силен одговор на миграциските политики и настани, рече Поуп, на форумската сесија „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“.

Кога ја гледаме европската заедница и општество како целина, укажа Поуп, сите знаеме дека миграцијата е критично прашање што е многу моќно. Во Европа се случува стареење на населението и наскоро 31 процент ќе биде постаро од 60 години. Многу бргу стигнуваме во период иако обезбедуваме средства што доаѓаат од плаќачите на данок дека се намалувваат меѓутоа се зголемува бројот на луѓето што ги користат, а и вештачката интелигенција не е решение што може да го искористиме, иако може да помогне. Но, многу е поважно да развиваме вештини, политики и да пракси со коишто ќе се справуваме со овие прашања, наведе Поуп.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close