Агро бизнисБез категоријаВести
УХМР: Вардар и Црна Река со високи водотеци, останатите реки бележат стагнација или опаѓање
Во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија
Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање.Од УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците .