fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Подсекторската група веќе разговара за состојбите со житото со сите засегнати страни

Минатата година постигнавме рекордни цени во откупот на пченицата, јачменот и оризот. Највисока цена на тутунот и за 30 проценти повисока откупна цена на грозјето. И оваа година ја усвоивме програмата за Интервентниот фонд како финансиската поддршка надвор од субвенциите и сите останати мерки за интервенција на пазарот и поддршка на производителите“, рече Николовски. 

Министерот Љупчо Николовски при посетата во Битола кажа дека подсекторската група веќе разговара за состојбите со житото со сите засегнати страни.

Според Николовски оваа година имаме зголемени површини под пченица, нови 4 илјади хектари, а се очекуваат над 253 илјади тони пченица, што претставува раст во споредба со лани.

„Да ги почекаме анализите на подсекторската група која денес има состанок и активно следење на откупот на пченицата. Минатата година постигнавме рекордни цени во откупот на пченицата, јачменот и оризот. Највисока цена на тутунот и за 30 проценти повисока откупна цена на грозјето. И оваа година ја усвоивме програмата за Интервентниот фонд како финансиската поддршка надвор од субвенциите и сите останати мерки за интервенција на пазарот и поддршка на производителите“, рече Николовски.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close