Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски-откупната цена на јачменот е мизерни 9 денари
Опозицијата со критики
Љупчо Николовски додека денеска даваше изјава и се сликаше прикажувајќи дека нешто прави, а всушност ништо не прави, македонското земјоделство тоне, пишува Цветан Трипуновски на Фејсбук.
За врв на неспособноста е што во моментов кога ќе поделат неколку решениа за трактори во Свети Николе откупната цена на јачменот е мизерни 9 денари, а земјоделското земјиште го раскрчмиа на разни Сиријци но не и на вистинските земјоделци.
Потврда за уништување на земјоделството говори и податокот што има намалување и кај бројот на корисници на субвенциите. Во 2016 година како корисници се пријавиле близу 75 илјади земјоделски стопанства, додека во 2022 година овој број е намален за скоро 10 илјади корисници, односно вкупниот број на корисници изнесува околу 65 илјади.
Дополнителен доказ дека Николовски и Ковачевски го уништија тотално земјоделството говори и фактот што се поголем број на населението ги напуштаат руралните средини, а особено од младите, и намалувањето на бројот на населението што се занимава со земјоделство. Во 2017 година во вкупниот број на вработени во секторот земјоделство биле ангажирани 16,2%, додека во 2021 година овој процент опаднал на околу 10%.
Ова се поразителни факти за Николовски и СДС.
Го советувам Николовски наместо да се фотографира, да се зафати со реалните проблеми на земјоделците!