fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Димитриевски до Владата: Дали одредени фирми добиваат милиони евра за концесија?

Дали одредени фирми добиваат милиони евра за концесија, а реалниот земјоделец само да преживее?

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека деновиве од многу земјоделци во Македонија пристигнало барање до него во нивно име да постави неколку прашања до Владата.

„Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по килограм, а Министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по килограм? Доколку е точно како земјоделецот да живее, а камоли да заработи?“, прашува Димитриевски.

Поради тоа што секојдневно се слуша како се делат милионски суми за субвенции во земјоделието, Димитриевски упатува барање до Владата јавно да го објави списокот на сите земјоделски концесионери со детална информација кој колку плаќа концесиски надомест за колкава земјоделска површина, колкаво производство има пријавено на годишно ниво и колку субвенција му била исплатена од државата.

„Дали е вистина дека поедини фирми добиваат милионски суми во евра по основ на концесија додека реалниот земјоделец само за да преживее? До кога државата ќе биде за едни мајка, а за други маќеа?“, прашува Димитриевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close