Агро бизнисБез категоријаВести
Силен дожд поплавени улици во Битола
Градоначалникот свика кризен штаб
Пороен дожд попладнево ја зафати Битола, поплавени се улици и подруми. Невремето беше проследено со силни електрични празнења. Поплавени беа улици низ центарот на градот, подруми и дворови во пониските делови од Битола. Сообраќајот беше отежнат од надојдената вода. Градоначалникот Тони Коњановски за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб поради интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.
“Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд” порача Коњановски. Сега ситуацијата се стабилизира.