fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Дополнителни 3 денари за откупен килограм пченица и 12.000 денари по хектар за јачмен

МЗШВ до Агенцијата за стоковни резерви упатува барање планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови од 3.000 тони, давајќи предност на домашните количества пченица.

На почетокот на жетвата, Министерството за земјоделство со нови мерки за производителите на пченица и јачмен предложени до Владата на усвојување. За секој продаден килограм пченица, кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година, МЗШВ предлага исплата на дополнителни 3 денари.

Преку измена на Уредбата за директни плаќања е креирана мерка за дополнителна субвенција за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерката е наменета за  производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close