fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски: Производната цена на пченицата е 19 денари, земјоделците се во загубa

Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ со реакција на прес конференцијата на Трајан Димковски од СДСМ

Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ со реакција на прес конференцијата на Трајан Димковски од СДСМ –

СДС продолжува да ги потценува и лаже земјоделците!  На пресконференција на Трајан-мито Димковски повторно во стилот “хартија трпи се ” излезе и без малку срам и доблест ги излажа земјоделците !

Ајде накратко и со аргументи :

Имате неисплатени фантастични 65 милиони евра субвенции за  2019,2020,2021 и 2022 година, а доказ за тоа е и последната измена на програмата за директни плаќања во која стојат 4 милијарди денари заостанати обврски од предходни години!

На прагот од жетвата на пченицата каде млинарите најавуваат откупна цена на пченицата од 10 денари , пред неколку дена излезе научната фела со пресметка дека производната цена на пченицата е 19,06 денари/кг. Што значи дека вашите дополнителни 3 денари/кг ни од далеку нема да ја доближат цената до производната затоа што разликата од одкупна до производна е над 9 ден/ кг. А каде е печалбата за земјоделците?

Во однос на јачменот ветувате дополнителна подршка за предаден јачмен без притоа неземајќи во предвид дека јачменот ќе остане складиран по амбарите затоа што откупот е минимален т.е речиси да го нема!

Да сумираме :

СДС и ДУИ повторно докажаа дека се креатори на проблеми и кризи, НО не и на решениа и прогрес на земјоделците !

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close