Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски: Цената на пченицата се добива врз основа на берзанските движења, државата до сега никогаш не остварила интервентен откуп
Земјоделците се жалеа дека лани поради економската и кризата со храна од нив беше побарано да засеат што е можно повеќе и дека државата ќе понуди реална цена но, сега велат дека се извисени бидејќи цената според нив за килограм пченица е 9 денари и 3 денари добиваат за субвенции но тврдат дека нив производството реално ги чини 19.
Министерот за Земјоделство Љупчо Николовски денеска им одговори на земјоделците и нивните барања за интервентен откип на пченицата како и откупната цена, јави телма.
Вели дека државата никогаш до сега не остварила интервентен откуп иако има законска можност за тоа, а по однос на цената вели таа се добива врз основа на берзантските движења.