fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Малишиќ-Цените по кои се откупува пченицата се пазарни и ние не можеме да платиме повеќе

Со субвенции од 6 денари по килограм земјоделците продаваат најскапа пченица во светот. Не знам што сакаат, не може пченица со тој квалитет да се продава по 30 денари, изјави за весникот ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседател на Здружение на мелничка индустрија.

Не стивнуваат реакциите околу ниската откупна цена на пченицата од годинашната реколта која се движи од 9 до 11 денари по килограм. Според производителите, оваа цена е нерентабилна, бидејќи производството на еден килограм ги чини 18 денари. Есента, за време на сеидбата, дизелот беше над 100 денари за литар, а ѓубривата 3.000 денари за вреќа. Тие сметаат дека ниската цена ќе доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито. Од друга страна за мелничарите цената по која се откупува пченицата е пазарна и тие не можат да платат повеќе од тоа. Заедно со субвенциите кои им ги дава државата 3 денари редовни и 3 денари дополнителни нашите земјоделци продаваат најскапа пченица во светот.

-Цените по кои се откупува пченицата се пазарни и ние како индустрија не можеме да платиме повеќе, бидејќи ќе бидеме неконкурентни. Министерството за земјоделство и Владата им додели по 3 денари редовни и 3 денари дополнителни субвенции. Што значи со субвенции од 6 денари по килограм земјоделците продаваат најскапа пченица во светот. Не знам што сакаат, не може пченица со тој квалитет да се продава по 30 денари, изјави за весникот ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседател на Здружение на мелничка индустрија.

Според него, годинава многу потфрли квалитетот на домашната пченица и за да добијат квалитетен производ ќе мора да ја мешаат со српската. Пченицата од Србија, која е далеку поквалитетна од домашната, се увезува по 9,6 денари за килограм.

И од Стопанската комора на Македонија за весникот ВЕЧЕР потврдуваат дека 90 отсто од пченицата од годинешната реколта е со лош квалитет. И покрај слабиот квалитет домашните мелничари ќе ја откупат, но ќе ја мешаат со српската. Скапите репроматеријали и лошите временски услови, односно дождовите ја уништија домашната пченица.

Од Комората додаваат дека освен субвенциите кои изнесуваат 6 денари по килограм ќе има и други мерки од државата за да им се излезе во пресрет на земјоделците. Една од мерките е и интервентен откуп за државни резерви.

Извор

https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close