fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Децата не треба да пијат кафе, не би требало да користат кофеин

Децата кои редовно консумираат големи количини на кофеин можат да имаат проблеми со несоница, дебелина и кариес, нарушен срцев ритам, склони се кон појава на анксиозност, главоболки, висок притисок, дехидратација, дијареа, тремори, бубрежни проблеми и слично.

Македонските граѓани уживаат во кафето. 10,2 килограми кафе и какао во просек пиеле домаќинставата во 2021 година според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).Иако многу млади во земјава не можат да си го замислат денот без кафе, не треба да се претерува и не треба консумирањето на oвој напиток да почне на рана возраст. Малолетниците треба да избегнуваат да внесуваат кофеин. Ирина Лазарова, дипломиран нутриционист вели дека иако претходно употребата беше ограничена само на возрасните, сега пијалоците кои содржат кофеин  редовно ги користат децата и адолесцентите.

„Детството и адолесценцијата е период на развој и последна фаза на развивање на мозокот, па затоа потребен е квалитетен сон и нутритивно богата храна. Кофеинот не само што го нарушува сонот, туку и зголемениот внес на кофеин е поврзан и со лоша исхрана и зголемена тежина. Децата кои редовно консумираат големи количини на кофеин можат да имаат проблеми со несоница, дебелина и кариес, нарушен срцев ритам, склони се кон појава на анксиозност, главоболки, висок притисок, дехидратација, дијареа, тремори, бубрежни проблеми и слично. Лица под 18 години воопшто не би требало да користитат кофеин, а доколку е неизбежно во тие случаи внесот треба да е минимален. Бидејќи кофеинот најчесто помладата популација го користи за да се расони и освежи, подобра опција наместо кофеин се вода со лимон, сончева светлина или краток интензивен тренинг“, објаснува Лазарова.

Има податоци од истражувања направени претходните години кои укажуваат дека 50 до 80 проценти од Македонците пијат најмалку две шолји кафе на ден.  Мнозинството пие кафе во домашни услови, поретко на работа и во кафуле. Ритуалот на пиење кафе, Македонците го поистоветуваат со дружењето.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close