fbpx
Без категорија

Манастирот Свети Илија во селото Живојно се подготвува за големиот празник Илинден 

Во Пелагонија

Манастирот Свети Илија во селото Живојно се подготвува за големиот празник Илинден.

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, на самата државна граница со Грција, во најјужниот дел на територијата на Општина Новаци. Од неговата десна страна тече реката Црна, а со локален асфалтен пат е поврзано со регионалниот пат 2338, кој води за битолско Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Битола е оддалечено 38 километри, додека од општинското седиште Новаци е оддалечено 22 километри. Во Живојно живеат Моштенци, кои се подгрупа на македонскиот народ, распослани во селата околу Бач. На просторот на денешна Македонија, покрај Живојно, влегуваат селата Бач, Гермијан и Сович, а другите триесетина села во кои живеат Моштенци, денес се наоѓаат во Грција. Моштенците имаат свои посебни украси и носија која битно се разликува од носијата на соседните мариовски села.

Нема опис за фотографијата.

Можно е да е слика од 1 лице

Можно е да е слика од дрво и трева

Нема опис за фотографијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close