fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Има вода за да не пресушат нивите, ама земјоделците треба да не ја крадат, велат од водостопанство Кочани

„Уште пред да реагираат земјоделците во регионот, водостопанското претпријатие Кочани работеше на чистењето на каналите, а со испустот од браната Калиманци подолго време ја има пуштено водата да тече по каналите од Хидромелиоративниот систем ‘Брегалница’ низ Кочанското и Штипското Поле“, вели Благој Богатинов, директорот на водостопанство Кочани.

Од Водостопанското претпријатие Кочани, кое стопанисува и е задолжено за наводнување со водите од браната Калиманци, велат дека нема да дозволат да пресуши Овчеполието, Штипското, Крупишкото и Кочанското Поле, но апелираат земјоделците да имаат дисциплина, солидарност и да не крадат вода. По чистењето на каналите, водата веќе подолго време тече низ оние кои се дел од Хидромелиоративниот систем Брегалница. Водата дојде до крајната дестинација, атарот на селото Каратманово до каде се простира каналскиот систем, велат од водостопанството.

Деновиве, поради високите температури и крајно сушното поле на кое се суши сè што е насадено и посеано, реагираа земјоделските прозводители и од Свети Николско и од Штипско, Карбинско и од Кочанско. Дел од нив протестираа и се заканија дека ќе прават нови блокади на патиштата ако не добијат вода за нивите.

„Уште пред да реагираат земјоделците во регионот, водостопанското претпријатие Кочани работеше на чистењето на каналите, а со испустот од браната Калиманци подолго време ја има пуштено водата да тече по каналите од Хидромелиоративниот систем ‘Брегалница’ низ Кочанското и Штипското Поле“, вели Благој Богатинов, директорот на водостопанство Кочани.

Тој додава дека вода за обработливите површини имало на време. Мерната станица која ги дели каналите за Жиѓанци, Штипско и кон Овче Поле покажува дека низ нив течат 6 кубни метри вода во секунда.

„Но, апелираме земјоделците повеќе да се потрудат да не ги затнуваат каналите, самите околу своите ниви да ги чистат и најважно, водата да не си ја крадат меѓу себе. Вакви појави има во атарите на селата Крупиште и Балван, а тие најмногу реагираат. Секој сака прв да пушти вода од каналите во неговите ниви, некои дури и навечер не само преку денот, појава која не е од вчера. Ангажиравме дури и агенција која ќе ги следи вакви појави кои се кривично дело“, вели Богатинов.

Тој вели дека со водостопанските подружници од Кочани, Свети Николе и со останатите во регионот организираат средби со земјоделците, семинари и едукации дека меѓу нив треба да има крајна солидарност и тие да ги почитуваат термините за наводнување што се утврдени од водостопанските подружници.https://sdk.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close