fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Од утрово пуштена е вода за нивите во Овчеполието, но дали е решен проблемот

-Се направи и се прави голема штета по нивите. Ние сериозно ќе се зафатиме со решавање на овој проблем, а ќе ја информираме и канацеларијата на ЕУ, вели Каракашев.

Од утрово потече вода за нивите во Овчеполието, вели Ѓорги Какашев од Националната мрежа за земјоделци отакако информацијата ја потврди на терен и во надлежните институции.

Вода има денеска и така ќе биде во наредните три дена, вели Каракашев кој вчера им даде поддршка на протестот на овчеполските земјоделци кои бараат да добијат во доволни количини вода за наводнување на своите земјоделски култури.

-Се направи и се прави голема штета по нивите. Ние сериозно ќе се зафатиме со решавање на овој проблем, а ќе ја информираме и канацеларијата на ЕУ, вели Каракашев.

Земјоделците побараа да се ослободат од плаќање на водарина, бидејќи нема доволен доток и притисок за да ги наводнат своите ниви со пченка, детелина, лозја, градинарски култури.

Надлежните,пак, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера во писменото соопштение тврдат дека активно работат на обезбедување на дополнителни количини вода за светиниколско. Според нив, вработените од подружницата на АД Водостопанство, заедно со локалните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе одреден период се на терен на разговори со земјоделците, при што заеднички со нив се подготвува планот за наводнување за оваа сезона. Планот предвидува вода до секоја обработлива површина и правилен распоред за наводнување.

-Преку програмите на Министерството фокусирани сме на два клучни проекти за целосно решавање на наводнувањето во Свети Николе, првиот се однесува на реконструкција на Десниот магистрален канал и санации на главниот цевковод во реонот на Истибања, кој ќе обезбеди доволни количини вода за Свети Николе и сите општини и населени места со кои управува светиниколската подружница на АД Водостопанство, вториот се однесува на целосна реконструкција на цевководот кој доаѓа од акумулацијата Мавровица, со што комплетно се обезбедува наводнување на површини од над 3.000 хектари земјоделска обработлива површина од Овчеполието, велат од МЗШВ.

Со Програмата за водостопанство и Програмата за рурален развој на министерството, потсетуваат, се обезбедува средства за зголемување на протокот на вода од цевководот Калиманци сѐ до последните обработливи површини во светиниколско. Проектот ќе опфати реконструкција на десниот магистрален цевковод со што ќе се елиминираат загубите на вода, паралелно на ова ќе се санираат свлекувања во Истибања. Дополнително се работи и на проект за вода за наводнување од браната Мавровица, со што ќе се реши проблемот со дефектите и навремената достава на водата до нивите, соопштија од МЗШВ.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close