Системот за наводнување Макарија е повторно активен, за рекордно време санирана е хаваријата и вода повторно има до земјоделските површини
Дадениот збор пред земјоделците го исполнивме. За само месец и половина, благодарение на нашата брза реакција успеавме да ја санираме најголемата хаварија во водостопанстката инфраструктура досега.
Денес е пуштена водата низ цевководот Макарија. Земјоделците од Росоманско и Градско можат да бидат сигурни дека нивните култури ќе бидат обезбедени со наводнување за оваа сезона. Направено е комплетно оспособување на цевководот, извршени се сите градежни работи кои беа неопходни за непречено користење и истиот повторно е ставен во функција.
По настанатото оштетување на цевководот Макарија, сите служби беа ставени на највисоко ниво на подготвеност за изнаоѓање на решение за спас на сезоната за наводнување. Преку координација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија веднаш се пристапи кон изнаоѓање на техничко решение за надминување на проблемот. Беше ангажирана експертската јавност преку професори од Градежниот факултет Скопје и беа направени соодветните измени на програмите за обезбедување на финансиски средства. Во ургентен рок, согласно законските процедури беше избран изведувач и започнаа активностите на санирање.
Дадениот збор пред земјоделците го исполнивме. За само месец и половина, благодарение на нашата брза реакција успеавме да ја санираме најголемата хаварија во водостопанстката инфраструктура досега.
Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одигра својата улога, и заеднички со другите институции, посветно работејќи успеавме навремено да делуваме, во интерес на сите нас, а најмногу за земјоделците од Росоман и Градско, спасувајќи го годинешниот род.
Земјоделците немаат повеќе причина за грижа. Комплетно е завршена санацијата на цевководот, низ кој веќе повторно тече вода за наводнување на земјдоелските површини. Исклучително брзата санација на цевките е завршена пред планираниот рок, за само месец и половина, за што се обезбедија над 1,3 милиони евра и системот за наводнување кој беше оставен на забот на времето веќе 50 години, сега е целосно функционален.
Ги информираме замјоделците од Росоман и Градско дека предвидуваме и обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со општините Росоман и Градско, веќе ја започнаа постапката за обештетување на земјоделските производители на праски од овој регион кој немаа вода токму овој месец од годината. Веќе се активни повиците за пријавување во општините, а потоа врз основа на доставените податоци од општините, министерството до Владата ќе достави извештај преку кој точно ќе се знаат обештетувањата кој може да ги направиме.
Нашата искрена грижа за земјоделците ја докажуваме преку конкретни мерки. Продолжуваме со капиталните инвестиции во водостопанството, инвестирајќи во нови модерни системи и брани за наводнување. Оваа година со новиот модел за субвенционирање земјоделците од Росоман и Градско се сведоци на навремена исплата на субвенциите за овоштарите, во вредност од 290 милиони денари кон 10.604 корисници. Следува авансната исплата на 30% од субвенциите за 2023 година, нешто што за прв пат се случува во земјоделството, токму преку новиот модел за субвенционирање кој започна од оваа година.
Преку конкретни мерки, кои докажано даваат резултати, ги мотивираме земјоделците и го стимулираме развојот на домашното производство на храна и со тоа влијаеме на растот на економијата и развојот на државата.