fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Битолчани со комбе фрлале ѓубре во паркот „Пелистер“, чуварската служба ги фати на лице место

Градежен шут, стари гуми и друг отпад на територија на паркот

БИТОЛА – Чуварската служба на Националниот парк „Пелистер“ вчера на лице место затекна четворица битолчани кои со комбе истурале градежен шут, стари гуми и друг отпад на територија на паркот.

На стариот пат од Битола за Ресен, кај местото викано Макази на неколку места се отворени диви депонии среде чистата природа. Неретка е сликата најубавите планински предели да се нагрдуваат и загадуваат со градежен шут стари апарати за домаќинство, стара облека и мебел.  Несовесните граѓани од комбето почнале да растовараат разни ѓубришта што во вреќи, што така да ги расфрлаат, а имало и стари автомобилски гуми, велат од НП „Пелистер“.

Нема достапен опис.

Фото Национален парк Пелистер

„Затекнавме возрасни мажи кај Макази на стариот пат за Битола, како фрлаат отпад покрај патот, каде веќе од несовесни граѓани се направени помали диви депонии во рамките на НП ‘Пелистер’, ама и на самата граница на паркот. Ги фативме на лице место да расфрлаат стара облека, друг отпад и стари гуми. Повикавме полиција и им наложивме да си го соберат ѓубрето, им кажавме дека туку во паркот не му е местото за фрлање отпад, среде оваа природа. Срамно и жално  е ова што се случува. Постојано патролираме со цел да се зачува ова  богатство што го имаме, но има луѓе кои не размислуваат трезвено за последиците, сѐ околу патот е расфрлано со отпад. Имаме многу несовесни граѓани кои едноставно само сакаат да се ослободат од ѓубрето. Ова е прв пат да ги фатиме на лице место и мора да сносат последици“, велат овластени лица од чуварската служба на НП „Пелистер“ .

Од таму додаваат дека многу често во летниот период мајстори кои работаат на изградба или реновирање на куќи и други објекти, градежниот шут да го фрлаат токму на локации на паркот, уништувајќи ја неповратно природата. (А.Б.)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close