СДСМ бара од ВМРО ДПМНЕ да ги врати проневерените пари од европските фондови
Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) отвори случај за проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти СДСМ.
Секојдневно на виделина излегуваат потврди дека ДПМНЕ не е ништо освен криминална партија која дејствува на штета на граѓаните и на државата. Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) отвори случај за проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти СДСМ.
„Во тој случај нотирани се низа неправилности, а на државата ОЛАФ ѝ препорачала да ги врати парите. Во тој период Владата е предводена од ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, а меѓу неговите советници бил и денешниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ДПМНЕ и поединци од таа партија и таа влада, освен што краделе од граѓаните, за што има и правосилни судски пресуди, тие проневерувале пари и од европски фондови“, соопшти СДСМ.