„Пари“ открива: Профитите од брзите кредити се движат до 4,8 милиони евра годишно
Во Македонија има 35 финансиски друштва што даваат брзи кредити. Според објавени податоци базирани на Централен регистар, во 2022 година фирмите што давале брзи кредити направиле вкупен приход од 69,9 милиони евра, додека во 2021 година нивниот вкупен приход изнесувал 49,3 милиони евра. Во 2022 година вкупната добивка им била 15,9 милиони евра, а годината пред тоа изнесувала 10,9 милиони евра.
Со измени на Законот за финансиски друштва сите трошоци што можат да се наплатат за земен таканаречен брз кредит не може да надминат 60 проценти од позајмицата. Оваа новина отвора еден сосема поинаков однос со финансиските друштва кои низ годиниве беа мета на бројни критики. Новата регулатива треба да ги заштити должниците, но колку им одговара на доверителите? Финансиските друштва што даваат брзи кредити, за разлика од банките кои собираат туѓи депозити, вложуват свои пари и потоа ги позајмуваат, секако, за да остварат профит.
Во Македонија има 35 финансиски друштва што даваат брзи кредити. Според објавени податоци базирани на Централен регистар, во 2022 година фирмите што давале брзи кредити направиле вкупен приход од 69,9 милиони евра, додека во 2021 година нивниот вкупен приход изнесувал 49,3 милиони евра. Во 2022 година вкупната добивка им била 15,9 милиони евра, а годината пред тоа изнесувала 10,9 милиони евра.Целиот текст на https://pari.com.mk/pari-otkriva-profitite-od-brzi-krediti-se-dvizat-do-48-milioni-evra/