fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нови „солени“ цени на млечните производи

Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од пет до 30 денари на секој млечен производ.

Минатата недела зголемувањето од 30 денари денеска се дополни со плус 15 денари на цените на кашкавалите, потврдуваат дел од маректите за Канал 5. Според трговците поскапувањето на млечните производи ќе изнесуваат од пет до 30 денари на секој млечен производ. Освен ова основно поскапување, на новата цена на производите ќе се додаде и маржата која од 1 јули годинава веќе не е замрзната, но и ДДВ-то од 5 проценти. Јогуртот по цена од 80 денари, отсега ќе чини околу 90 денари. Кравјиот кашкавал кој досега чинеше околу 500 денари сега ќе чини до 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700 денари, кравјото сирење ќе добие цена околу 400 денари, овчото сирење ќе се продава за повеќе од 500 денари.https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close