Странските пензионери патуваат, а македонските се мачат да преживеат
Пензионерите по симболична цена посетуваат места во Македонија, манастири, излетнички места. Ние сме за зголемување на стандардот на пензионерите, но тоа да биде реално, издржано и да се направи по институционален пат“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери Битола.
Ако погледнеме статистички податоци од Евростат, шведските пензионери најмногу патуваат, но слични навики имаат и пензионерите од Данска, Холандија, Франција, што не е случај со македонските пензионери кои драстично помалку шетаат.
Се наведува дека луѓето над 65 години во Европа практикуваат подолги патувања, затоа што по пензионирањето имаат слободно време. Македонските пензионери обично патуваат организирано и тоа најчесто на домашен терен.
„Ние имаме годишна програма за екскурзии, пролетни и есенски. Пензионерите по симболична цена посетуваат места во Македонија, манастири, излетнички места. Ние сме за зголемување на стандардот на пензионерите, но тоа да биде реално, издржано и да се направи по институционален пат“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери Битола.
Од туристичките агенции објаснуваат дека македонските пензионери за одмор обично ја бираат соседна Грција, дел Албанија, но тешко можат да си дозволат посета на некои поскапи и поегзотични, подалечни дестинации.
Сведоци сме дека и во македонските туристички центри исто така доаѓаат странски групи со повозрасни граѓани кои ги истражуваат убавините на земјава.
„Jaс работам со Италијанци, Американци и Азијати, значи Тајванци, Јапонци и тоа се луѓе на возраст од 60 па до 90 години. Патувањето е дел од нивниот начин на живот, тие патуваат по двапати годишно, и да напоменам дека тоа не се богати луѓе, туку во нивната земја припаѓаат на средна или сиромашна класа, но можат да си дозволат да патуваат во поевтини земји како нашата и тоа не го сметаат за луксуз. Доаѓаат во групи од по 30 луѓе, а многу од нив имаат и живи родители, па се слушаат по телефон со нив, витални се. Богатите пензионери од нивните земји поседуваат вили во Шпанија, Италија и си одат таму. Кај нас пензионерите се истрошени од работа и стресови“, вели Катерина Василеска, туристички водич од Охрид со 20 години искуство зад себе.
Линк https://faktor.mk/